На вонредната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше прифатен предлогот на Комисијата за натпреварување за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ и натпреварувањето во Купот.
Откако ситуација со Ковид 19 ескалираше кај клубовите од тетовскиот регион, (Ренова и Шкендија), ФФМ донесе одлука да ја прекине сезоната без да прогласи шампион. Процесот на лиценцирање се уште е во тек а потоа ќе бидат одредени екипи кои ќе не претставуваат во европските натпреварувања следната сезона.
Според табелата, Вардар треба да оди во квалификациите за ЛШ додека Силекс, Шкендија и Ренова во квалификациите од Лига Европа. Доколку Вардар кој се соочува со одредени проблеми не добие лиценца тогаш Силекс ќе игра во квалификациите за ЛШ а Шкендија, Ренова и Македонија ЃП ќе се обидат да влезат во групите од Лига Европа.