ФФМ предложи три сценарија за завршување на сезоната, сега клубовите треба да одлучат

0

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија во „Куќа на фудбалот“ одржа состанок со претставници на клубовите од Прва МФЛ. На средбата присуствуваа и претставници од Институтот за јавно здравје предводени од епидемиологот д-р Жарко Караџоски.

Првиот дел од состанокот беше посветен на план на мерки и процедури.PDF  „CoVid-19“ за продолжување на тренажниот процес и одигрување на натпревари без присуство на публика изработен од страна на Фудбалската федерација на Македонија на барање на здравствените институции.

Финалната верзија на т.н. здравствен протокол ќе претрпи незначителни промени откако претставниците на Институтот за јавно здравје се сложија со одредени предлози на клубовите за започнување на тренинзите и одигрување на натпреварите. Епидемиологот д-р Жарко Караџоски ги изнесе условите како клубовите епидемиолошки да го продолжат својот процес на работење, со напомена дека протоколот на државата безусловно мора да се почитува.

Институтот за јавно здравје се обврза да обезбеди 400 тестови за CoVid-19 кои би ги опфатиле сите фудбалери и стручни штабови на десетте клубови, како и за официјалните лица за натпреварите од Прва МФЛ.

Фудбалската федерација на Македонија пред претставниците на клубовите презентираше три можни сценарија за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020.

Клубовите ќе треба да се изјаснат за едно од трите понудени сценарија, а одлуката за првенството од Прва МФЛ ќе ја донесе Фдубалската федерација на Македонија.

Во продолжение трите можни сценарија за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ предложени од натпреварувачката комисија на ФФМ:

–  Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) СО ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;

–  Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;

–  Прекин на првенството и Купот на Македонија;

Share.

Leave A Reply