За претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија ќе може во иднина да конкурира и кандидат кој не е делегат на Собранието, таа измена во Статутот на федерацијата беше донесена денеска со едногласна одлука на 88 делегати од вкупно 96 кои се дел од Собранието на ФФМ.
Со истата се остава можност кандидатот во минатото да имал активност во македонскиот фудбал, но, истиот не смее да ја надминува старосната граница за пензионирање. Седницата на Вонредното Генерално Собрание на ФФМ во Охрид заврши за помалку од еден час.
Како стојат работите, најверојатно изборот за прв човек на федерацијата ќе се случи на Редовното годишно Собрание во март во 2019 година.