ФИА го казни Рикардо

0

Возачот на Рено во Формула 1, Даниел Рикардо,  поради ударот во болидот на Данил Квајт на патеката во Баку, заработи казна од три позиции за Гран При трката во Шпанија.

Рикардо во завршницата во Азербејџан се обиде да го претекне Квајт , но, не успеа во маневарот по што и двајцата излетаа надвор од патеката. ФИА откако ја прегледа снимката, утврди, дека  Рикардо е  виновен за инцидентот и затоа покрај изречената казната за трката во Шпанија тој ќе добие и два казнени поена во неговата лиценца.

Рикардо откако му се извини на Квајт, се обиде да објасни дека  сакал да ја минимизира штетата, но, дека го фатило паника и не успеал во намерата.

Share.

Leave A Reply