ФИА воведе трета зона за „ДРС“ во Сингапур

0

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) додаде трета зона за користење на  „ДРС“ системот на претстојната Гран-при трка во Формула 1 која ќе биде реализирана на патеката –„Марина Беј“.

Промената е дизајнирана за да ја зголеми можноста на пилотите  да направат повеќе претекнувања на неделната трка. Новиот „DRS“  се наоѓа помеѓу 13-ти и 14-тиот свиок  а возачите ќе можат да го активираат системот на вкупна должина од  78 метри . Другите две зони што се користеа во претходните години остануваат непроменети.

ФИА со најавениот потег сака да дозволи повеќе атракција и возбудувања на патеката во Сингапур. Возачите ќе можат да ги користат „DRS“ системите и на тренинг сесиите и на официјалните  квалификации.

Share.

Leave A Reply