Одлуката дали Македонија ќе биде домаќин на ноемврискиот квалификациски дел за пласман на Европското кошаркарско првенство во 2021 ќе биде донесена во почетокот на ноември, соопшти денеска КФМ.
Централниот одбор на ФИБА на 6 ноември ќе одлучи дали Италија и Естонија ќе гостуваат во Скопје или п една од двете селекции ќе биде домаќин на ноемвриските квалификации.
По истиот турнирски систем ќе бидат одиграни и квалификациските пресметки во февруари следната година а одлуката за тоа кој ќе биде домаќин ФИБА ќе ја донесе во почетокот на наредната година.