ФИФА бара уште еден организатор за да го зголеми бројот на учесници на СП во 2022 година

0

Проблемите околу организирањето на Светското првенство во 2022-та година во Катар продолжуваат, иако беше решен случајот со топлото лето и за прв пат Мундијалот ќе се одржи во текот на зимата.

Советот на ФИФА ќе се собере утре во Мајами (Флорида), за да разгедува варијанти евентуално две држави да бидат домаќини на следното светско првенство, што значи друг коорганизатор со Катар. Ова се наметнува поради желбата на ФИФА да го зголеми бројот на учесници на 48, и тоа уште од ова првенство, а не да се чека 2026-та година.

Комисијата е предводена од генералниот секретар на ФИФА Фатма Самура, е задолжена да ја направи оваа студијата. По претходниот план Светското првенство во 2022-та година треба да се одржи од 21-ти ноември до 18-ти декември во седум града во Катар: Доха, Лусаил, Ал Уакра, Ал Хор, Ар Рајан, Ум-Салал, Аш-Шамал. Желбата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е да се зголеми бројот на учесници уште во Катар, што значи дека треба да се играат натпревари и надвор од Катар.

При актуелна политичка изолација на Катар од останатите земји во Персискиот залив најактуелните опции се Кувајт и Оман, кои во моментот се држат како неурални. Потребно е во овие земји да се обезбедат помеѓу два и четири дополнителни терени. Вклучувањето на дополнителни земји-организатори на првенството во 2022-та година може да се направи само ако се исполнат некои барања, но и истото да биде одобрено од властите во Катар, се вели во извештајот на комисијата за развој на ФИФА.

На истиот состанок утре ќе биде разгледан форматот на квалификациите за ова Светско првенство, користењето на системот „ВАР“ на Светското првенство за жени оваа година во Франција, создавањето на Светска лига на нациите, како и проширување на Светското клубско првенство и други натпреварувања во футсал и фудбал на плажа.

Share.

Leave A Reply