Филип Талески потпиша едногодишен договор со РК Вардар. Она што се најавуваше подолго време, конечно се реализира.
Талески се враќа во Македонија побогат со искукство од три години играње во Бундеслигата. Тој сега ќе ја бара својата шанса во дресот на европскиот шампион, откако не ја доби посакуваната минутажа во клубовите во Германија во кои го носеше дресот во изминатиов период.