Филипчев: Маленко се преставува лажно и затоа доби кривична пријава

0

По последните турбулентни месеци во македонското пливање, за сите проблеми, забраната за настап на пливачите на меѓународни настани, за нереагирањето на АМС и МОК и за целата ситуација и неправилности од претходниот претседател Маленко, денескана прес-конференција излезе првиот човек на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев.

„Единствена федерација за спортови на водана терироријата на Македонија призната од АМС, ФИНА и ЛЕНА и запишана во Централен Регистар е Националната пливачка федерација на Македонија. Не се работи за двојна или паралелна федерација. Уште на самиот почеток наидовме на проблеми од страна на старото раководство, посебно од поранешниот претседател Александар Маленко кој лажно се преставува како претседател на непостоечка Пливачка федерација на РСМ, која не постои никаде како правно лице, ниту во АМС ниту во ЦР“, вели првиот човек на Националната пливачка федерација, Филипчев.

Тој најави дека Маленко лажно се преставува како претседател на непостоечка и нелегална Пливачка федерација веќе е поднесена кривична пријава.

Share.

Leave A Reply