ФИЛМОТ „250 СКАЛИЛА“, ЕДИНСТВЕН СО ДВЕ НАГРАДИ

0

ФИЛМОТ „250 СКАЛИЛА“, СНИМЕН ПО ИДЕЈА НА ЖИВКО ЗДРАВКОСКИ, ЕДИНСТВЕН СО ДВЕ НАГРАДИ од 167 учесници, ПРВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈАТА И НАГРАДА ЗА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ

Филмот “250 скалила“, снимен по идеја на Живко Здравкоски, поранешен македонски активен спортски новинар, кој повеќе од две децении е дописник на најстарите светски спортски листови “Ла Газета дело спорт“ од Италија и “Кикер“ од Германија , е единствениот филм доби две награди во конкуренција на 167-те филма кои беа прикажани на 36. “Светско првенство на Телевизија, кино, култура, спорт и комуникација“ (“Sport Movies & Tv 2018”), во организација на ФИЦТС (нејзини членки се 116 земји, меѓу кои не е Република Македонија), што се одржа од 14 до 19 ноември во Милано.

Извештајот од синоќешната церемонија е достапен на линкот: http://www.fictsfederation.it/jury_minutes_2018.pdf
а комплетната листа на победниците, до која се доаѓа во самиот извештај, е достапна на линкот http://www.fictsfederation.it/jury_minutes_2018.pdf

Првата награда (“Guirlande D’Honneur”) во категоријата (една од вкупно девет категории) “Документарец – Тимски Спорт“ ја добија филмовите посветени на кошарката “Сеуште жив“ од Франција (“Sempre vivens” – “Сеуште живи“) и „250 скалила“. Единствено во оваа категорија, “Документарец – Тимски Спорт“, беа доделени две први награди – тоа на Живко Здравкоски денеска му го потврди Енцо Капиело, член на Бордот на директори на ФИЦТС и Почесен Генерален Секретар на ФИЦТС. Капиело додаде дека имаше многу добри филмови и дека во другите осум категории беше доделена по една прва награда.
Другата награда, онаа за дебитански филм (“Prima Opera – Enrica Speroni“) која е во чест на покојната поранешна новинарка на “Ла Газета дело спорт“, филмот “250 скалила“ ја доби синоќа (понеделник) на доделувањето на наградите на победниците (претходната награда, првата награда во категоријата “Документарец – Тимски Спорт“ овој филм ја доби во четвртокот).

Филмов доби голем публицитет во најстариот светски спортки дневен весник, “Ла Газета Дело спорт“ кој е основан во 1896 година и чиј новинар Андреа Този (тој известуваше од ЕП во Австрија во 1986 до и од групната фаза на СП во Бормио 1987 г. на кои две првенства победи оваа генерација на СФРЈ) му посвети голем простор со две слики од Кукоч во бројот од саботата (17 ноември).
На ова финале на Светското првенство (“World championship final”), претходеа 16 квалификациски фестивали на 5 континенти, од кои еден беше во Златибор (Србија) во јуни каде Гран-При наградата ја освои “250 скалила“ кој на Златибор победи во конкуренција на 50 филмови од 22 земји. Вкупно беа во конкуренција 970 филмови во оваа 2018 година, а на СП во Милано се квалификуваа 167 филма.


Продуценти на “250 скалила“ се “ПГМ Нетворк“ и “Спортнетворк“ од Србија. Продуцент е Директорот Радован Максимовиќ. Автор е Владимир Пајиќ, режисер Владимир Курчубиќ. Прекрасен е филмов, со емоции и страст, ги насмејува и расплакува гледачите, возбудлив и драматичен. Посветен е на подготовките и настапот на најталентираната генерација во историјата на светската кошарка која го освои младинското СП во Бормио, Италија, во 1987 година. Според многумина, оваа генерација е најдобра во историјата на светскиот спорт воопшто. Селектор беше сегашниот тренер на Барселона Пешиќ, а генерацијата ја предводеа покерот асови и идни НБА членови: Александар Ѓорѓевиќ (кој во четвртокот беше избран во “Куќата на славните“ на ФИЦТС) и другите три НБА звезди Раѓа, Кукоч и Дивац.
Инаку, освен првата награда, во сите девет категории филмови беа доделени по неколку идентични награди, наречени “Mention D’Honneur“, а покрај тоа вкупно на целото СП беа доделени и пет специјални награди од кои едната, за дебитантси филм, ја доби “250 скалила“ .

Интересни нешта ги поврзуваат “250 скалила“ и “Ла Газета дело спорт“: легендарниот кошаркашки новинар кој 25 години работеше во Газета Енрико Кампања (86 г., автор на две енциклопедии за кошарката) оваа генерација ја нерече “Белиот Харлем“, идејата е на Живко Здравкоски кој е 24 г. дописник на Газета од Македонија, беше најавено дека наградата “Prima Opera – Enrica Speroni“ ќе ја додели Директорот на Газета Андреа Монти кој е член на “Куќата на славните“ на ФИЦТС, седиштето на Газета и на ФИТЦС е во Милано, …

 

Share.

Leave A Reply