Фудбалерите на Шкендија и на Пелистер ќе го одиграат финалниот меч од Купот на 23 мај на стадионот „Младост“ во Струмица во вечерен термин.
Тетовци откако ја обезбедија титулата во шампионатот сега ќе се обидат да дојдат до двојната круна. „Црвено-црните“ во финалето ќе ја имаат улогата на фаворити додека Битолчани пак, ќе се обидат да го одбранат трофејот освоен во претходната сезона.
Финалето од Купот на Македонија меѓу Шкендија и Пелистер ќе започне во 20.00 часот.