Финалниот меч во ЛШ во 2020 година ќе биде на крајот на мај

0

Финалето во Лигата на фудбалските шампионите во сезоната 2019/2020 ќе се одигра на 30 мај во 2020 година во Истанбул, објави денеска официјалниот сајт на УЕФА.

Финалниот меч на најпрестижниот европски клубски турнир ќе биде реализиран на стадионот – „Кемал Ататурк“ на кој Ливерпул го победи Милан во 2005 година по изведувањето на пеналите.

Ќе потсетиме дека решавачкиот меч за пехарот во тековнава сезона во Лигата на фудбалските шампини ќе се одигра на 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид (Шпанија).

Share.

Leave A Reply