Ракометната Федерација на Македонија одлучи премиерниот квалификациски натпревар за место на ЕП во 2022 против селекцијата на Финска да биде одигран на 4 ноември од 20 часот во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.
Веднаш потоа на 7 ноември избраниците на селекторот Брестовац ќе гостуваат кај Швајцарија во гратчето Цуг. Таа средба ќе стартува од 18:30 часот.
Покрај споменатите две селекции во групата ќе се натпреварува и светскиот првак Данска.