Финецот имаше интересна анализа

0

Поранешниот светски шампион во Ф1, Мика Хакинен, проценил дека Ред Бул ќе биде подобар од Ферари во тековнава сезона. Скудерија е пред Ред Бул во првенството на конструкторите, но, тоа се должи на прилично слабата изведба на Пјер Гусли кој пропушти многу поени.

„ Фетел во Унгарија, заврши на третото место а  Ферари имаше проблеми. Тие ќе се вратат во првите редови на Спа и Монца иако е јасно дека нивниот автомобил не е конкурентен на секоја трка“ – напиша Хакинен.

„Не само што не успеаја да го совладаат Мерцедес, туку тие се дури и зад Ред Бул Хонда. Очекувам Ферари да притисне повеќе по одморот, но, верувам дека Ред Бул ќе продолжи да се развива“ – нагласи Хакинен.

 

Share.

Leave A Reply