Легендата на скијачките скокови, Јане Ахонен, одлучи да стави крај на кариерата со тенденција да остане и понатаму во спортот. 41-годишниот ветеран кој и во 2008 и 2001 најави дека се повлекува но, тоа не се случи, сега е категоричен во неговата одлука.
„Немам намера да се откажам од скијачките скокови. Сепак, нема да се натпреварувам во Светскиот Куп“ – рече Ахонен за финските медиуми.
Големата ѕвезда на ски-скоковите се појави на 412 натпреварувања во Светскиот куп, 108 пати се искачи на подиумот а 36 пати ја освои титулата. Ахонен кој има и 12 медали, во пет наврати победи на новогодишната турнеја – „Четири скокалници“.