Фирмињо се изедначи со Жерард по бројот на голови во ЛШ

0

Фудбалерите на Ливерпул  беа супериорни на вчерашното гостување кај Порто во првиот меч од првата елиминациска фаза во ЛШ и го совладаа домаќинот со 5 према 0.

На стадионот „Драгао“, англичаните имаа тотална доминација а еден од играчите што ја погоди домашната мрежа беше и Роберто Фирмињо. Бразилецот кој ден претходно доби пофалби од страна на тренерот, Јирген Клоп, успеа да погоди во 69 минута и да се изедначи со легендарниот, Стивен Жерард, по пројот на голови постигнати во една сезона во Лигата на шампионите.

Некогашниот капитен на „црвените“ и сегашниот напаѓач од јужна-америка, имаат постигнато по седум голови. Имајќи в предвид дека Ливерпул и понатаму ќе биде дел од елитата, јасно е дека Фирмињо има шанса да го надмине ефектот на Жерард.

 

Share.

Leave A Reply