Тајсон Фјури кој в сабота ќе боксува против Деонте Вајлдер за титулата во тешка категорија во ВБЦ, изјави, дека заработката од тој меч ќе ја донира во хуманитарни цели.
„Целата заработка ќе ја донирам за изградба на домови за бездомниците. Не ми требаат толку пари и не знам како подобро да ги искористам. Не сакам да бидам милионер или милијардер. Јас сум боксер, а не бизнисмен,а на крајот веројатно ќе завршам како и поголемиот број боксери, шворц“- вели Фјури.
„Парите не можеш да ги однесеш со себе в гроб, па подобро да направам нешто за луѓето кои имаат потреба од помош“ – изјави Фјури.