ФК Борец остана без спонзор

0

Сопственикот на фудбалскиот состав Борец, Кочо Анѓушев, го напушти клубот. Одлуката е соопштена денеска по завршувањето на пријателскиот натпревар Борец – Тетекс. Тој на играчите им соопштил дека прекинува да го спонзрира клубот и им порачал да си бараат нови клубови.

„На денешниот состанок донесовме одлука дека Брако како компанија не треба да продолжи да финансира во спортски федерации, чии раководства немаат респект кон спонзорите и онака како што слушаме од Агенцијата за млади и спорт, истите не се усогласени со законите на Р. С. Македонија. Во таа смисла, објавуваме дека Брако ќе престане да го финансира клубо и во иднина својата репутација како општествено одговорна компанија ќе ја надгради преку стипендирање на одлични студенти од велешката општина, претежно, но не едиснствено на техичките науки“, се вели во соопштението од комапнијата – „Брако“.

„Со оглед на тоа дека Борец А.Д. нема никакви долгови, а при тоа на јавно дадената понуда клубот да го преземе некој кој има добра намера и цел кон фудбалот (пред се, раководните лица на ОФС Велес), до денес на понудата нема пријавени и поради тоа фудбалерите и сите вработени во клубот ќе бидат комплетно исплатени до денешен ден и за тоа уредно ќе ја добијат целата документација“, се вели во соопштението на „Брако“.

 

Share.

Leave A Reply