Флерш била успешно оперирана

0

Младата Германка, Софија Флерш, претрпе успешна 11-часовна операција на ‘рбетниот столб по страшната несреќа која аја преживеа на вчерашната Гран При трка во Формула 3 возена на патеката во Макао.

Веста за успешната лекарска интервенција ја објави таткото на 17-годишното девојче, Александар Флерис. За време на несреќата Флерш се движела со 276 км / ч. Веднаш по инцидентот во кој беа повредени уште четири лица, нејзиниот шеф во екипата, Фриц ван Амерсфорт, изјави дека е вистинско чудо што таа остана жива.

Флерш ќе остане во болница околу две недели додека еден од двајцата повредени фотографи бил пуштен на домашно лекување. Неговиот колега кој исто така се здоби со серизони повреди ќе мора да остане хоспитализиран уште десетина дена.  Во меѓувреме Претседателот на ФИА, Жан Тод, откри дека ќе се направи детална истрага за причините за инцидентот.

Share.

Leave A Reply