Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, по убедливата победа на теренот на Челзи во Лигата на фудбалските шампиони, размислува да му понуди нов договор на тренерот, Ханс Флик. Легендата на Баварците на роденденската прослава на Флик во Лондон посочи, дека наскоро може да биде потпишан нов договор.
„Во црвениот пакет има пенкало. И во Баерн Минхен, понекогаш потпишувате документи со пенкало. Со победата во Лондон направивме голем чекор кон четврт-финалето“ – искоментира Румениге.
Флик, кој беше ангажиран со договор до крајот на сезоната откако Нико Ковач доби отказ, во понеделникот наполни 55 години.