Флик: заслужена победа

0

Фудбалерите на Баерн Минхен доцна синоќа го освоија Суперкупот на Европа откако на неутрален терен во Будимпешта ја совлада Севилја со 2:1. Тренерот на Баварците, Ханс Флик, откако нагласи дека е задоволен од остварениот успех, се насочи кон уште еден момент кој според него треба да се потенцира.

„Хернандез го постигна победничкиот гол. Пред мечот имаше информации дека е заминат и дека потпишал договор со Атлетик Билбао. Сепак, фудбалот понекогаш пишува убави приказни“ – рече Флик.

„Горд сум на играчите како се бореа за уште една голема победа“ –  изјави тренерот на Баерн Минхен кој му се израдува и на четвртиот трофеј во годинава која одминува.

Share.

Leave A Reply