Флорентино Перез сака да го засили тимот

0

Англискиот весник „Сан“ пренесува дека Реал Мадрид планира да купи фудбалери од Премиер лигата. Наводно, „кралевите“ се заинтересирани за Маркус Рашворд од Манчестер Јунајтед и Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Според наведеното, шпанскиот тим планира да испрати понуда до „црвените ѓаволи“ во висина од 50 милиони евра за да го ослободат Рашворд додека за играчот на „спарси“ трансферната сума ќе се движи околу 40 милиони.

Рашворд ја нема потребната минутажа во четата на Мурињо додека Ериксен е речиси незаменли во првата постава на Тотенхем.

Share.

Leave A Reply