Првите луѓе на Бостон се определија да го ангажираат црномурестиот, Тако Фол, кој со неговата височина од 231 сантиметар и тежина од 141 килограм, изгледа застрашувачки под обрачите.
Сенегалецот откако не беше одбран на годинешниов драфт, максимално ја искористи шансата во летната лига во дресот на „Селтикс“ и затоа доби можност да се појави во наредната сезона во НБА. Фол кој има идентична височина со легендарните кошаркари, Мануте Бол и Геоге Мурешан, на 16 годишна возраст се преселил во САД и веднаш започнал да тренира со поранешната НБА ѕвезда, Хаким Олајџувон.
Фол во летната лига имаше просек од 7.2 поени, 4.0 скокови и 1.4 блокада, со одличен шут на реализација (77.3%)