Скијачот од САД, Томи Форд, успеа да ги израдува домашните навивачи во американскиот ски-центар Бивер Крик откако победи во денешната веле-слаломска трка возена во рамките на Светскиот Куп во алпско скијање.
Тој по двете трки оствари вкупно време од 2:31.23 минути што беше доволно за првото место. Зад него се пласираа Норвежаните, Хенрик Кристоферсен и Леиф Кристијан Хауген. Во дисциплината веле-слалом на првото место е денешниот победник Форд со 150 бодови пред Французите, Метју Фавре со 120 и Алексис Пинтуро со 114 бодови. Во генералниот пласман во Светскиот Куп, лидер е Австрецот, Матијас Мајер со 233 бодови пред неговиот сонародник Виктор Крехмаер со 212 и Италијанецот, Доминик Парис со 204 бодови.
Сезоната кај скијачите ќе продолжи наредниот викенд во францускиот зимски центар, Вал Д’изер. Таму ќе бидат реализирани трките во велеслалом и слалом.