Формирани се групите за ЛШ во ракомет

0

Вардар и Еурофарм Работник денеска ги добија противниците за новата 27-ма сезона во Лигата на ракометните шампиони.

„Црвено-црните“ како бранители на тронот ќе играат во групата „Б“ заедно со: Веспрем (Унгарија), Киелце (Полска), Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Монпелје (Франција) , Кил (Германија) и Португалскиот Порто. Битолчаните ќе бидат во групата „Ц“  со шест екипи, нивни противници се: Савехоф (Шведска), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска), Ирун (Шпанија) и Спортинг (Португалија).

Што се однесува до другите две групи, во „А“ ќе бидат: ПСЖ (франција), Барселона (Шпанија), Флензбург (Германија), Алборг (Данска), Пик Сегед (Унгарија), Загреб (Хрватска), Пивoварна Лашко (Словенија) и Еверум (Норвешка).  Групата „Д“ ја сочинуваат: Дунамо Букурешт (Романија), Чеховски Медведи (Русија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Кристијанштад (Норвешка), Висла Плоцк (Полска) и Гог (Данска).

Share.

Leave A Reply