Формирани се групите за завршниот тениски Мастерс

0

Денеска во Лондон беа составени групите за завршниот тениски Мастерс турнир кој во „О2 Арената“ ќе биде реализиран од 12 до 19 Ноември. Во составувањето на групите учествуваше и легендарниот тенисер од Германија , Борис Бекер.

Најдобрите осум  на АТП листата беа поделени во две групи кои ги носат имињата на тениските легенди. Во групата – „Борис Бекер“ ќе играат: Роџер Федерер, Александар Зверев, Марин Чилиќ и Џек Сок. Во втората група  наречена – „Пит Сампрас“  влегоа: Рафаел Надал, Доминик Тим, Григор Димитров и Давид Гофин.

Според правилата, ќе се игра по системот секој со секого а најдбрите двајца од секоја група ќе вкрстат во 1/2 финалната рунда.

Share.

Leave A Reply