Формула 1 шампионатот со 23 трки следната сезона

0

Рекордните 23 трки беа вклучени во првиот прелиминарен календар за сезоната 2021 година во Формула 1, кој беше претставен пред тимовите во текот на денот.

Откако беа откажани 13 од закажаните 22 трки за оваа година поради глобалната пандемија на коронавирусот, сопствениците на Формула 1, Либерти Медиа, соопштија дека очекуваат да имаат редовен календар за следната година.

Во првиот план ги има сите оригинални 22 трки плус улична трка во Џеда, Саудиска Арабија. Другите измени вклучуваат преместување на Гран при на Холандија за есенскиот период од шампионатот, кое ќе формира серија од три последователни тркачки викенди заедно со трките во Белгија и Италија веднаш по традиционалната летна пауза во август. Големата награда на Бразил ќе има ново место на одржување, патеката во предградието на Рио де Женеиро. Сепак, неговата изградба сè уште не е започната, во очекување на конечна дозвола од градската власт.

Првата трка следната година ќе биде традиционалното ГН на Австралија, по што ќе следат оние во Бахреин, Кина и Виетнам. Трките во Шпанија и Монако ќе бидат првите две европски трки пред караванот да ги посети Азербејџан и Канада. По трката во Монтреал, другите трки на Стариот континент ќе се одржат во Франција, Австрија, Велика Британија и Унгарија, што ќе биде последната трка пред летната пауза на 1 август.

Промена ќе има и во предсезонските тестови, со тоа што барем едниот од нив ќе се одржи на патеката Сахир во Бахреин, додека другиот ќе остане во шпанска Каталонија.

Share.

Leave A Reply