Форс Индија ќе ја продолжи соработката со Мексиканецот

0

Возачот на Форс Индија во Формула 1, Серхио Перез, потврди дека ќе ги брани боите на екипата и во наредната сезона. Со тоа е ставена точка на сите претходни шпекулации дека Мексиканецот по доаѓањето на новото раководство може да го напушти тимот.

„Многу сум среќен што конечно можам официјално да ја потврдам информацијата за моето останување во екипата на Форс Индија и во наредната сезона. Тоа е мојот дом од 2014. Година кој ми помогна да се развијам како возач“ – изјави Перез.

Возачот на Форс Индија во тековниот шампионат го дели седмото место со Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг. Тројцата имаат по 53 бодови.

Share.

Leave A Reply