Тренерот на фудбалерите на Рома, Еузебио Ди Франческо, по вчерашниот пораз на теренот на Ливерпул со 5:2 во првиот меч од полу-финалето во Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим има шанса да стигне до големото финале.
„Започнавме добро а потоа сосема неочекувано влеговме во лош ритам. Додека се освестивме, веќе губевме со неверојатни 5:0. За среќа, успеавме да постигнеме два гола кои не вратија во игра. Ништо не е готово бидејќи ќе има реванш на нашиот стадион“ – изјави оптимистички стратегот на „волчицата“.
Реванш мечот меѓу „црвените“ и Рома ќе биде одигран наредната среда на стадионот – „Олимпико“ во Рим.