Франција без Лука Карабатиќ на ЕП

0

Ракометната репрезентација на Франција, која е еден од претендентите за највисок пласман на претстојното европско првенство, ќе остане без еден од клучите ракометари поради повреда.

Искусниот дефанзивец Лука Карабатиќ, има повреда на прст на десната рака, заработена на последното дерби кое неговиот ПСЖ го имаше против Барселона во ЛШ.

Карабатиќ ќе мора да замине на оперативен зафат и неговиот процес на заздравување би траел околу пет месеци.

Share.

Leave A Reply