Францускиот тим Ница го отпушти Патрик Виеира

0

Ница официјално објави разделба со сегашниот тренер на тимот Патрик Виеира. Поранешниот капитен на Арсенал беше известен за одлуката на управата синоќа, откако неговата екипа загуби со 2:3 од Баер Леверкузен на домашен терен, со што беше ставено крај на надежите на оваа екипа за пласман во елиминациската фаза во Лигата на Европа.

Ова беше петти последователен пораз за Ница, па веста за отказот на Виеира не е особено изненадувачка. Тимот привремено ќе го води сегашниот асистент на Виеира – Адријан Урсеа.

Виеира започна со работа во Ница пред 30 месеци. Во јуни 2018 година го наследи Лусиен Фавр, кој замина во Борусија (Дортмунд).

Share.

Leave A Reply