Французин ќе го чува голот на РК Вардар

0

Вардар не само што ги задржува играчите од минатата сезона туку размислува и за нови имиња во својот состав. Откако пропадна можноста за ангажман на нашиот репрезентативен голман Никола Митревски од Вардар се одлучија голманаската позиција да ја пополнат со голман од Франција.

Голманот Робин Кантегрел ќе им прави друштво на Борко Ристовски и Марко Кизиќ на голманската позиција во европскиот шампион Вардар. Станува збор за 25-годишен голман, кој досега беше дел од тимот на Сесон Рен и кој бил желба и на ПСЖ минатото лето. Оваа сезона Кантегрел имаше 142 одбрани на 18 натпревари, односно 7,89 во просек.

Со ова Вардар ја решава голманската позиција, па сега ќе може да се насочи кон она што е најважно ,а тоа е да донесе квалитетни бекови шутери, како и среден бек кој би го заменил Скубе.

Share.

Leave A Reply