Себастијан Ожие (Citroen) и Тиери Нојвил (Hyundai) останаа во изедначена трка за првото место на релито Монте Карло или првиот круг за сезона 2019 во „WRC“ шампионатот. Двајцата пилоти пред утрешната завршна фаза се наоѓаат на чело во рангирањето со разлика од само 4 секунди.
„Очекувам утре да имаме полесни услови иако знам дека ќе биде напнато финале. Тиери нема да се откаже. Двајцата сакаме да ја завршиме трката и да победиме”, изјави Ожие, кој досега остварил шест победи во Монте Карло.
„Јас бев претпазлив. Ожие е дома, тоа е неговото место. Тој добро го познава теренот и морав да внимавам“ – изјави Нојвил.За третата позиција ќе биде крајно интересно бидејќи неколку возачи конкурираат рамноправно. Тоа се Јари-Мати Латвала (Toyota ) и членовите на Хјундаи, Андреас Микелсен и Себастијан Леб.