Фабио Квартараро од Франција изненедувачки победи во денешните квалификации за трката во Шпанија на патеката во Каталуња.
20-годишниот член на Јамаха кој дебитира во најсилната класа во Мото ГП, успеа да ги остави на второто и третото место големите фаворити, Марк Маркез на Репсол Хонда и Маверик Вињалес на Јамаха.
Утре од третиот ред ќе започнат Франко Морбидели и Валентино Роси додека од четвртиот ќе стартуваат Андреа Довициозо и Данило Петручи.Трката за големата награда на Каталуња се вози утре попладне од 14:00 часот.