Еден од најдобрите фудбалери на Челзи, Нголо Канте, кој има активен договор до 2023 година, побарал од челниците на тимот да му дозволат да си замине на крајот од сезоната.
Англиските медиуми денеска објавија дека интернационалецот од Франција добил понуда од Реал Мадрид и дека има намера да ја напушти Англија. Весникот – „Сан“, објави дека 28- годишниот играч има голема желба да работи со тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан и дека по секоја цена сака да ја прекине соработката со „сините“.
Според информациите, фудбалерот побарал состанок со челниците на клубот за да се обиде да ги убеди да го продадат на крајот од сезоната. Се претпоставува дека шпанскиот состав ќе понуди големи 100 милиони фунти за потписот на црномурестиот фудбалер од „Стемфорд Бриџ“.