Французинот се врати во тренинг процес

0

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ја санираше повредата и најверојатно ќе биде подготвен за саботното гостување кај Гетафе во рамките на фудбалскиот шампионат на Шпанија. Централниот голгетер кој се повреди на 9 септември на мечот со Леванте, денеска беше дел од  тренингот на „кралевите.

Тренерот, Зинедин Зидан, денеска работеше со помала група на фудбалери и мораше да вклучи дел од малдинскиот состав бидејќи повеќето од првотимците добија слободен ден откако имаа серија на репрезентативни обврски.

Во тренинг центарот не се појавија: Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Иско, Марко Асенсио, Рафаел Варан, Лука Модриќ и Начо Фернандез. Со повреди, пак, се соочуваат: Кејлор Навас, Даниел Карвахал, Ернандес, Герет Бејл и Матео Ковачиќ.

Share.

Leave A Reply