Франк Рибери пред трансфер во Италија

0

Ветеранот Франк Рибери е многу блиску до трансфер во Фиорентина. Французинот ќе пристигне на „Артемио Франки“ како слободен играч откако му истече договорот со Баерн Минхен кој не беше обновен.

Фиорентина му понуди двегодишен договор и плата од 4,5 милиони евра по сезона. Сепак, самиот фудбалер побарал уште еден услов пред да го потпише својот договор со Фиорентина. Тој инсистира на тоа дека неговиот личен физиотерапевт, Џовани Бјанки, исто така да пристигнува во клубот за да се грижи за неговата физичка состојба.

Речиси сигурно дека Фиорентина нема да прави проблем и ќе го прифати ова барање на 36-годишниот фудбалер. Трансферот се очекува да биде официјално објавен во наредните денови.

Share.

Leave A Reply