Фрејзер Прајс е светска шампионка на 100 метри

0

Бронзената од ЛОИ во Рио пред 3 годни,  Шели-Ен Фрејзер Прајс се врати на светскиот атлетски трон како најбрза жена на планетава, откако синоќа победи на финалната трка на 100 метри на СП во Доха. Фрејзер Прајс како да немаше конкуренција и со доминантна трка и време од 10,71 секунди успеа да се врати онаму каде беше и на СП во Пекинг во 2015 година.

Второто место и сребрениот медал отиде на градите на Дина Ешер-Смит од Британија, додека бронзата и припадна на сребрената од последното СП во Лондон пред две години, Мари-Жозе Та Лу од Брегот на слоновата коска.

Share.

Leave A Reply