Френцел ја одбрани титулата во нордиска комбинација

0

Германскиот нордиец Ерик Френцел ја освои титулата во Нордиска комбинација на Олимписките игри во Пјонг Чианг 2018.

Френцел беше најдобар во скијање на 10 километри по одличен настап околу 7 километар кога го презеде водството и заврши прв со време од 24:51,4 минути. Така, германскиот натпреварувач ја одбрани својата олимписка титула од Сочи 2014 година.

Второто место, како и во Сочи 2014 година, му припадна на јапонецот Акито Ватабе со задоцнување од 4,8 секунди. Бронзениот медал го освои Австрија Лукас Клапфер, кој на крајот заостана зад победникот 18,1 секунди.

Share.

Leave A Reply