Фрум очекува победа и во Франција

0

Крис Фрум откако ја освои титулата на велосипедската трка – „Џиро Д`Италија“, изјави, дека не постои причина за било каков сомнеж поврзан со наводна допинг-афера.

„Останав фокусиран на тоа што требаше да го направам. Нареден предизвик е Тур Д’Франс. Навистина верувам дека можам да победам и во Франција“ – изјави Британецот.

Светската антидопинг агенција неколку месеци нема изградено став дали британскиот велосипедист ги прекршил правилата кога по една етапа од минатогодишната Вуелта му беше откриено повисоко ниво од дозволеното на салбутамол.

Share.

Leave A Reply