Фудбалер на ПСВ се појави на терен за прв пат од мај 2018 година

0

Играчот од средниот ред на ПСВ, Марко ван Гинкел, за прв пат по подолго време учествуваше во официјален натпревар.

28-годишниот холандски играч за врска, кој не играше од мај 2018 година, влезе како замена на крајот од натпреварот од 16 коло на Ередивизие со АЗ Алкмар (1:3).

Марко ван Гинкел се опоравуваше од повредата на коленото повеќе од година и пол. Правата на фудбалерот сè уште му припаѓаат на Челзи. Марко ван Гинкел се пресели во Челзи летото 2013 година од Витезе за 9,4 милиони евра. За тоа време, 28-годишниот Холанѓанец одигра само два натпревари во Премиерлигата.

Додека беше на позајмица во ПСВ во сезоната 2015/2016, ван Гинкел стана шампион на Холандија. Договорот на Ван Гинкел со Челзи трае до 30 јуни 2021 година. Неговата цена на траснфер пазарот се проценува на 2,5 милиони евра.

Share.

Leave A Reply