Фудбалер од Премиер лигата загубил 5,5 милиони фунти во онлајн казино

0

Фудбалер од англиската Премиер лига загубил неверојатни  5,5 милиони фунти за неколку месеци во онлајн казино, а потоа букмејкерот му ја затворил сметката.

Играчот чиј идентитет разбирливо не е објавен, трошел по околу 250 000 фунти неделно на популарниот веб сајт за обложување.

„Тој се сметаше за голем коцкар и вложувач на големи суми и го привлече вниманието на менаџерите. Вкупната сума која поминала во неговиот акаунт е повеќе од 5,5 милиони фунти. Повеќето веб сајтови за онлајн покер се радуваат на такви суми, но кога некој го прави со таква брзина, луѓето се загрижени”, вели еден извор за англискиот весник „Сан“ кој ја објави оваа информација.

Share.

Leave A Reply