Фудбалерите од ПСЖ се најефикасни на СП во Русија

0

Од сите тимови кои имаат претставници на Светското првенство во Русија, фудбалерите на ПСЖ постигнале најмногу голови – дури 11.

Од 14 играчи на францускиот шампион на Мундијалот младиот талент на Франција Килијан Мбапе и напагачот на Уругвај Единсон Кавани се со по 3 погодоци, најскапиот играч во светот Нејмар постигна 2, а Анхел Ди Марија, Тиаго Силва и Криховјак постигнаа по еден. Мбапе и Белгиецот Тома Муние ќе имаат можност да ја зголемат гол сметка до крајот на СП, бидејќи нивните тимови ќе се сретнатт еден против друг вечерва во првото полуфинале на Светското првенство, но Муние нема да настапи поради жолти картони.

Следат играчите на Тотенхем со 11 гола и оние на шпанските Реал Мадрид и Барселона со по 10. Токму Тотенхем има најмногу претставници во полуфиналето (9 играчи), а исто така таму игра и голгетерот на Мундијалот 2018 до овој момент Хари Кејн кој постигна 6 гола во досегашните средби на ова СП во Русија.

Share.

Leave A Reply