Македонската фудбалска репрезентација ја оствари и четвртата победа во групата „Д“ во Лигата на нации откако славеше на теренот на Лихтенштајн со 2 спрема 0.
Отпорот на домаќините на стадионот во Вадуц беше скршен во 53-та минута со прекрасниот гол на Барди од слободен удар на кој му претходеше старт врз Пандев и исклучување на домашниот дефанзивец, Визер. Вториот гол во мрежата на Лихтенштај дојде во судиското надополнување по прекрасната акција во која учествуваа неколку играчи а успешно ја заврши Несторовски. Во вториот меч во нашата група, Ерменија славеше убедлиов кај Гибралтар со 6:2.
Во последното коло в понеделник, Македонија ќе му биде домаќин на Гибралтар додека Лихтенштајн ќе ја пречека Ерменија. На табелата, ние сме лидери со 12 бодови пред Ерменците со 9 и Гибралтар со 6. додека Лихтенштајн е последен со 3 бода.