Фудбалерите се собираат за Лихтенштајн

0

Македонската фудбалска репрезентација денеска во Скопје го има првиот собир во пресрет на продолжението од квалификацискиот циклус за СП 2018 година во Русија. Селекторот Игор Ангеловски ќе ја направи првата прозивка на репрезентативците во пресрет на дуелот со Лихтенштајн на гости во Вадуц в петок.

Нашите репрезентативци Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи поради повреди не се во можност да му се стават на располагање на селекторот Игор Ангеловски. Двајцата фудбалери на тетовска Шкендија отпаднаа од списокот по саботното коло во Првата лига и по вчера направените дополнителни лекарски прегледи на кои беше утврдено дека не можат да бидат во комбинација за настап против Лихтенштајн.

Селекторот Ангеловски на место на повредените ги повика Стафан Спировски од ФК Вардар и Кристијан Тошевски од ФК Пелистер.

Share.

Leave A Reply