Доцна синоќа челниците на германскиот фудбал потврдија дека продолжението на сезоната се пролонгира за почетокот на мај доколку се стави под контрола панедмијата на корона-вирусот.
Првично беше решено паузата да трае до 3 април, но, откако стана извесно дека ситуацијата со пандемијата нема подобрување, Германците се определија суспензијата во сите лиги да продолжи до крајот на наредниот месец.
Иако имаше одредени наводи дека сезоната во Бундес-лигата може да биде прекината а титулата да му биде доделена на Баерн Минхен, најверојатно таа варијанта ќе отпадне од комбинација.