Селекторот на фудбалската репрезентација на Полска, Јержи Брзечек поднесе оставка. Веста ја објави Полската фудбалска федерација. Полска е меѓу учесниците на Евро 2020.
Претседателот на Полската фудбалска федерација Збигњев Боњек ја презеде одговорноста за одлуката да се раздели со 49-годишниот тренер, кој ја водеше репрезентацијата на Полска од јули 2018 година.
„Го поканив Јержи Брзечек дома, пиевме кафе и му ја соопштивме веста. Ова е тажен ден за мене, но јас ја преземам одговорноста за оваа одлука. Размислував за тоа и морам да направам нешто што е добро за тимот”, изјави Боњек.