Фудбалската репрезентација на Шкотска остана без селектор

0

Гордон Страхан го напушти кормилото на Шкотска. Одлуката била донесена по разговорите со раководството на локалната фудбалска федерација. Селекторот и неговиот помошник, Марк Мeкги ќе си заминат по двата неуспешни квалификациски циклуси.

Шкотите не обезбедија место на Европското првенство во 2016 година а истото се случи и во штотуку завршените квалификации за Мундијалот во Русија во 2018 година. Во последниот натпревар Шкотска одигра нерешено со Словенија 2: 2 и не успеа да стигне до второто место во групата Ф кое ќе ја однесеше во баражот.

„Уште во мојот прв ден како селектор на Шкотска изјавив дека го доживувам најубавиот момент во мојата кариера. Сакав да ги вратам насмевките на лицата на луѓето.  Големо е разочарувањето што не влеговме во плеј-офот . Сакам да им се заблагодарам на сите играчи со кои споделив моменти за паметење”, изјави Страхан.

Share.

Leave A Reply