Фудбалските легенди вечерва во СЦ „Јане Сандански“

0

Денеска на Турнирот во мал фудбал на медиумите во организација на Спортското радио 90.3 фм почнуваат четврфиналните средби. Обемната програма стартува пред пладне,а за денеска се предвидени и неколку атрактивни ревијални средби.

Особено внимание привлекува настапот на фудбалските легенди од Македонија поделени во два состави, кои ќе не потсетат на нивните настапи од минатото. Од едната страна тимот на фудбалските ветерани во чии редови ги очекуваме Драган Канатларовски, Томче Трајановски, Гоце Христов, Тони Наумовски, Зоран Мицевски, Панче Ќумбев, Стојмир Урошевиќ, Пепи Георгиевски, Марјан Стојковски, Срѓан Захариевски…, а на другата страна ќе се појави сега актуелниот селекторски тим од ФФМ составен исто така од фудбалски легенди меѓу кои: Игор Ангеловски, Боби Милевски, Вујадин Станојковиќ, Никола Зердевски, Неџат Шабани, Горан Станиќ, Горан Георгиевски, Добринко Илиевски, Арџент Беќири, Звонко Златановски… Средбата на Фудбалските легенди е со почеток од 16 часот.

Компетниот распоред на денешните натпревари на турнирот изгледа вака:

11.50   (Четвртфинале)    АЛФА ТВ  – АЛСАТ М                                         0-7

12.40   РЕВИЈАЛНА (МВР – П.С АЕРОДРОМ)                                              4-4 (0-2 пен.)

13.20   (Четвртфинале)    РАДИО 5 ФМ – МРТВ                                           0-0 (2-1 пен)           

14.00   (Четвртфинале)   СПОРТСКО РАДИО 90.3 – МПМ                           0-1          

14.40   Петлиња ФШ ВАРДАР 2 – ФШ СМИЛКОВЦИ   

15.20   (Четвртфинале)   СИТЕЛ – МТВ 2                                                   2-3

16.00   РЕВИЈАЛНА Фудбалски легенди – Селектори ФФМ                    1-4

16.40   Петлиња ФШ ВАРДАР 1 – ФШ КУЛ                                                  2-0

Влезот во салата е бесплатен. Ве очекуваме заеднички да проследиме интересни натпревари и да се потсетиме на дел од големите имиња на македонскиот фудбал.

Share.

Leave A Reply