Фуриозен настап на младите и победа од 7:1 над Фарските Острови

0

Младата фудбалска репрезентација на Македонија обезбеди убедлива победа од 7:1 (3:1) над селекцијата на Фарските Острови на стартот од квалификацискиот циклус за ЕП 2021 година. На дуелот во Скопје, гостите изненадувачки поведа во 19 минута со гол од пенал, но потоа следуваше целосен пресврт и на крајот убедлива победа.

До полувремето Македонија веќе имаше водство од 3:1 со головите на Митровски (26 и 45 минута) и на Чурлинов (32). Во вториот дел од мечот повторно доминиравме и до крајот уште четирипати го совладавме гостинскиот голман.

Даци (59), Личина (62), Митровски (85) и Чурлинов (88) погодија за Македонија и на крајот ни носат фантастична победа. Следниот квалификациски меч за момците на Благоја Милевски е на 10 октомври против Црна Гора на гостински терен.

Share.

Leave A Reply